Утрински Весник
Спорт

Хамилтон: Ова не е начинот на кој сакав да победам

Хамилтон: Ова не е начинот на кој сакав да победам

Монтреал, 10 јуни 2019 (/) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека има измешани чувства по трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Канада.

Британецот заврши втор, по пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, но сепак го доби првото место, бидејќи Германецот беше казнет со пет секунди заради небезбедно враќање на патеката по грешката, поради што речиси го исфрли Хамилтон кон заштитната ограда.

  • Ова не е начинот на кој би сакал да победам. Но, јас го натерав да направи грешка по која речиси ќе се судревме. Ова е тажно. Но, ова е трка. Тој вели дека не е фер? Ова е негово мислење. Јас си возев како обично. Кога ќе излетате од патеката, не треба да се враќате веднаш на траекторијата ако загрозувате други болиди, изјави Хамилтон. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мароко први во групата Е, Лукаку се изнапромашува – Хрватска ја елиминираше Белгија!

И тоа е можно – со Хери Мегваер се потсмеваа во парламентот на Гана

Пикси: Не знам што очекуваа луѓето!