Утрински Весник
Македонија

Фрчкоски:Почнува спроведувањето на проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите

Фрчкоски:Почнува спроведувањето на проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите

Скопје, 9 јуни 2019

Почитувани граѓани, драги млади,

Зборот важи, започнува проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите, и кој ги доближува младите до европските услови и вредности.

Во тек е процесот за аплицирање за проектот.

Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка.

Драги млади,

Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување.

Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги.

Истовремено, траат преговори со уште стотици други правни субјекти на територијата на целата држава.

„Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој.

Младите се наш приоритет, тоа го покажавме преку создавање на кавлитетни младинскиполитики.

Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување.

Активните младински политики досега придонесоа за нешто помалку од две години, стпаката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсо.

Не застануваме тука. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите, со цел тие да останат тука и тука да градат иднина.

Јон Фрчкоски, потпретседател на СДММ

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“