Утрински Весник
Спорт

Френки де Јонг: Среќен сум, дека ќе играм со мојот идол!

Френки де Јонг: Среќен сум, дека ќе играм со мојот идол!

Барселона, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Новиот играч од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг го направи првиот коментар во каталонскиот дрес. Денес ќе биде официјалната презентација на Холанѓанецот.

– Многу сум среќен што конечно сум тука. Како дете мојот сон беше да играм за Барселона и сега конечно сум тука, тоа е одлично. Немам трпение да стапнам на „Ноу Камп“ за прв пат. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кого секогаш сум гледал. Сега мојот идол ќе биде мој соиграч, вели Холанѓанецот.

Според него, филозофијата на Барса е многу слична со онаа на Ајакс, што за него е одлично.

– Барса и Холандија отсекогаш имале одлична, посебна врска и јас се надевам дека ќе ја продолжам традицијата. Сакам да бидам меѓу великаните холандски фудбалери кои играле за Барса, додаде Френки.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

(Видео) Волеј на Бруно за победа на Јунајтед кај Барнли

(Видео) Нов кикс на Лацио