Утрински Весник
Македонија

Форум: Унапредување во консултациите со граѓанските организации за најголем дел од законите

Форум: Унапредување во консултациите со граѓанските организации за најголем дел од законите

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Забележано е унапредување во практиките на навремени и суштински консултации со граѓанските организации за најголем дел од законите и при носењето нови закони на различни начини. Граѓанските организации биле вклучени во работни групи за подготовка на закони и други стратешки документи, консултации и пошироки дебати, нагласи Симона Огненовска од МЦМС претставувајќи го Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во рамки на тематскиот форум „Опкружувањето за граѓанските организации во 2018 година“.

Извештајот, реализиран во период од јануари до декември 2018 година, е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Цивика мобилитас.

Огненовска рече дека во односите меѓу Владата и граѓанските организации воспоставен е Совет за соработка со граѓанските организации, подготвена е Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020 и забележано е зголемено вклучување во креирање политики.

Таа наведе дека дел од клучните случувања на ова поле што ја одбележаа минатата година беа затворањето на инспекциите за 22 граѓански организации, изземањето на организациите како субјекти од Законот за данок на добивка, новиот Закон за личен доход, воспоставувањето на Советот за соработка, зголемената висина на средствата доделени преку Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт.

-Во областа на слобода на изразување и изразување регистрирале само еден случај на употреба на прекумерна полициска сила, 9,4 отсто од организациите се соочиле со притисок поради изразување критика на државните органи, 6,3 отсто од организациите се соочиле со закани заради спротивставени ставови, 4 отсто од организациите имале блокирани веб-страници или комуникациски канали, 2,2 отсто од организациите се соочиле со незаконско следење комуникации, рече Огненовска.

Таа претставувајќи го Извештајот во областа слобода на здружување наведе неколку клучни препораки: измени на Кривичниот законик за изземање на претставниците на здруженијата и фондациите од одговорност за злоупотреба на службена должност, ставање на тековниот Закон за лобирње вон сила, Олеснување на процедурите при регистрација на проектите ослободени од ДДВ во СЕП и при постапката за даночен број на проектот во УЈП, потребно е СЕП и УЈП да ја разгледаат можноста за обезбедување на електронско пријавување и одобрување без потреба за физичко присуство….

Од Цивика мобилитас во областа даночен/фискален третман на граѓанските организации и нивните донатори порачуваат дека потребно е Министерството за правда да формира повеќесекторска група која ќе опфати и претставници на граѓанските организации за следење на спроведувањето на Законот за донации и спонзорства во јавни дејности и подготовка на нов предлог-закон, заеднички работилници и активности за едукација и информирање на сите засегнати страни на дејствување и за потребите на граѓанските организации за даночните олеснувања (особено за персоналниот данок и данокот на добивка),…

Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација информира дека новина е поднесувањето иницијативи до Владата за годишната програма за работа и за она што треба да работи. фф/скс/

Презентација на Извештајотза овозможувачката околина за развој на граѓанското општество

Posted by MИА.mk on Вторник, 09 јули 2019

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот