Утрински Весник
Македонија

Форум: Опкружувањето за граѓанските организации во 2018 година

Форум: Опкружувањето за граѓанските организации во 2018 година

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во 2018 година ќе биде презентиран денеска на форумот во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Цивика мобилитас.

Дел од клучните случувања на ова поле кои ја одбележаа минатата година, како што се наведува во соопштението на организаторот беа затворањето на инспекциите за 22 граѓански организации, изземањето на организациите како субјекти од Законот за данок на добивка, новиот Закон за личен доход, воспоставувањето на Советот за соработка, зголемената висина на средствата доделени преку Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт.

Покрај презентацијата на наодите од Извештајот, на форумот ќе се дискутира за вклучувањето на организациите во креирањето политики, особено при носењето закони, како и за регионалните предизвици за развој на граѓанското општество.

На овие теми ќе дискутираат Симона Огненовска од МЦМС, која го подготви Извештајот за овозможувачка околина, Гордана Гапиќ Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација и Билјана Спасовска од БЦСДН. ац/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8