Утрински Весник
Бизнис

Форум: Договор меѓу земјоделците и откупувачите за напредок

Форум: Договор меѓу земјоделците и откупувачите за напредок

Скопје, 10 јуни 2019 (/) – За да постигнеме напредок потребно е организирано производство што ќе се базира на меѓусебен договор меѓу земјоделците и откупувачите. Тој договор да се склучува на почетокот на календарската година, со јасно прецизирани откупни цени, со јасно дефинирани критериуми за производството на земјоделските производи, со договорен квалитет и квантитет. Ова денеска го порача претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ) Васка Мојсовска на земјоделскиот форум „Организирано земјоделство за сигурен пласман“.

Организатор на вториот форум е Националната федерација на фармери со поддршка на шведската фондација „We Effect“.

Мојсовска потенцира дека треба да слушне гласот на земјоделците и треба да има дијалог со откупувачите, компаниите од земјоделскиот сектор, преработувачите, владините институции…

– Мора еднаш ние земјоделците да разбереме дека неопходно за нас е здружување во кооперативи, групи на производители и други форми на економско здружување  бидејќи само здружени ќе имаме посилни позиции при преговарањето на цените, подобро планирање на производството, пониски трошоци за производството. Со самото тоа придобивки ќе имаме на економски план, а пазарот ќе има испорака на поголеми количини и ќе има доследност на понудата и ритамот на испораката, порача Мојсовска.

Таа посочи дека треба да се прави пресметка на производните цени од страна на Секторот за анализи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку цела година да постои дијалог и склучување договори на откупувачите и земјоделците и тука треба да се следи производството што мора да биде со сертицифиран материјал и контрлирана употреба на заштитни средства. Препорача функционирање на Пазарниот информативен систем преку кој ќе се следат цените на продажба на мало и големо.

Според неа, потребна е соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за поттикнување и развој, земјоделските институти кои ќе бидат надлежни за правење анализи, за трендовите и  развојот нашето земјоделство и рурален развој.

Таа укажа и на креирање мерки што ќе овозможат јакнење на земјоделецот, мониторинг и анализи со индикатори на искористените мерки од програмите за субвенции, руралната програма, ИПАРД програмата. Потребно е воведување на Правилници за продажба на мало, за производите од растително и животинско потекло каде земјоделците по определени стандарди произведуваат преработки од земјоделски производи и да можат индивидуално да ги продаваат.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски смета дека форумот е од искучителна важност за нашата земја на која, како што рече, и е потребно договорното производство за надминување на проблемите со пласманот со кој се соочуваат земјоделците и вкупното земјоделско производство.

– Организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери, рече Николовски.

Од исклучително значење е, како што рече, заеднички да работиме на создавање цврсти партнерски односи меѓу земјоделците и откупувачите бидејќи тие зависат едни од други.

На форумот присуствуваа деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ, гостинот од Хрватска Младен Шимунац, кој ќе ги пренесе искуствата од неговата земја во делот на земјоделското производство, земјоделци…мд/са/

Земјоделски форум ,,Организирано земјоделство до сигурен пласман”

Posted by MИА.mk on Понеделник, 10 јуни 2019

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ŠKODA е на врвот на „Auto Trophy 2022“ со пет победи

Ќе се исклучува струја на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

Бектеши и Ковачевски: Ги преземаме сите мерки да нема зголемување на цената на струјата