Утрински Весник
Македонија

Формирана Конференција на приватни високообразовни установи

Формирана Конференција на приватни високообразовни установи

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Единаесет приватни високообразовни установи, од кои осум универзитети и три високи стручни школи, формираа Конференција на приватни високообразовни установи (КПВУ)  која минатата недела ја одржа и првата седница.

Како што денеска соопшти КПВУ, главна точка на дневен ред на седницата била утврдување можности за подобрување на квалитетот во високото образование во земјава  во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации, кој се спроведува преку Министерството за образование и наука.

– Членовите на КПВУ донесоа одлука за иницијатива за повторно потпишување билатерален договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција за добивање ЈОК акредитација. На седницата се дуискутираше и за несоодветниот третман на приватните високобразовни институции во рамки на работењето на Интеруниверзитетската конференција во која членуваат сите приватни универзитети во Република Северна Македонија и се донесоа заклучоци за натамошно дејствување на КПВУ во врска со таквата појава, соопшти КПВУ. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом