Утрински Весник
Автомобили

Фолксваген „буба“ заминува во историјата

Фолксваген „буба“ заминува во историјата

Автомобилот е симбол на економската преродба по Втората светска војна, иако е осмислен малку пред војната, во 1938 година. Оригиналниот дизајн на „бубата“ е на австрискиот инженер Фердинанд Порше, кој всушност бил најмен да ја реализира идејата на германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер за – „народен автомобил“, налик Фордовиот „Модел Т“ во САД.

Производството на „бубата“ почнало во Волфсбург, Германија, град што и настанал поради новата фабрика за автомбили. Но, кусо потоа погонот бил пренаменет за производство на воени возила. По војната, „бубата“ се враќа на производните ленти и станува светски хит, особено во САД.

По 1967 година производството на автомобилот продолжува во Мексико.

Последниот примерок од завршната серија од 5.961 автомобил, ќе биде изложен в музеј, по утрешната свеченост во Пуебла со која ќе се одбележи крајот на производството. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin

Норвешка урива рекорди, лани 54,3 отсто од продадените автомобили биле електрични

META

Првиот комерцијален летечки автомобил доби дозвола за користење на улиците во Европа

META