Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Над 500 учесници од повеќе држави ќе настапат на петтиот меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, што ќе се одржува од денеска до 17 јуни во Долно Лисиче.
Во текот на трите фестивалски дена, покрај домаќините, ќе настапат игроорци и од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.
Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а покровители на манифестацијата се Општина Аеродром и Град Скопје. дма/рп/