Утрински Весник
Македонија

ФК „Кит-Го“ ги стартуваше подготовките за новата сезона

ФК „Кит-Го“ ги стартуваше подготовките за новата сезона

Пехчево, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Со девет нови фудбалери на чело со новиот шеф на стручниот штаб, Емил Грнев, ФК „Кит Го“ во Пехчево ги стартуваше подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.

Подготовките како што истакнаа од стручниот штаб на „Кит-Го“, екипата ги започнува со комплетно нови сили, но и подмладен состав.

– Основната определба на ФК „Кит-Го“ во новата сезона ќе биде да се продолжи со досегашниот континуиран раст и како спортски колектив и како тим, потврдувајќи ги и амбициите и натаму да се игра значајна улога на домашната второлигашка сцена, истакнаа од клубот.

Нови фудбалери на „Кит-Го“ во следната сезона ќе бидат искусниот поранешен напаѓач на „Силекс“, „Вардар“, „Пелистер“, „Работнички“ и „Брегалница“, Бошко Ступиќ кој пристигна од редовите на Киран, Казахстан, потоа Дарко Алексовски од „Силекс“, Марјан Ташков од „Тиквеш“, Трајче Ефремов од „Победа“, како и довчерашните фудбалери на штипска „Брегалница“, голманот Марио Сандевски, но и Марио Крстов, Оливер Христов, Анџело Николовски и Кристијан Антонов.

Од „Кит-Го“ овој преоден рок заминаа офанзивецот Антонио Бујчевски, како и Иван Настевски, Мартин Стојанов и Благој Гуцов кои кариерите ги продолжуваат во ФК „Брегалница Штип“. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата