Утрински Весник
Спорт

ФИФА му ја укина суспензијата на Рајола

ФИФА му ја укина суспензијата на Рајола

Цирих, 9 јуни 2019 (/) – ФИФА ќе ја укине суспензијата на Мину Раиоли, со што на Италијанецот му се одврзани рацете да ги продава своите играчи во текот на летниот преоден рок.

Како што пишува „Дејли мејл“, казната на Рајоли ќе биде укината и ќе може да ги продаде своите највредни играчи ова лето, меѓу кои се Матис де Лихт и Пол Погба.

Откако му беше изречена казната, најпознатиот фудбалски менаџер во светот ја обвини ФИФА дека подлегнала на притисоците на Италијанската фудбалска федерација, која наводно сакала да се пресмета со него.

Рајола беше суспендиран на три месеци на 9 мај, непосредно пред почетокот  на летниот преоден рок, што значеше дека нема да може да ги продава играчите во англиските клубови, бидејќи периодот на транзиција во Англија завршува на 8 август. ем/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хрватскиот „суперхерој“ се вика Јошко Гвардиол

Мароко први во групата Е, Лукаку се изнапромашува – Хрватска ја елиминираше Белгија!

И тоа е можно – со Хери Мегваер се потсмеваа во парламентот на Гана