Утрински Весник
Бизнис

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20 отсто повеќе од лани

НБС: Дијаспората за првите четири месеци внесе милијарда евра во Србија

Скопје, 13 јули 2019 (/) – Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Согласно податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно со јуни е поголем за околу 20 отсто во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

– Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37 отсто. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69 отсто, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

– Навремениот и неселeктивен поврат на ДДВ е значаен за непречено оперативно работење на фирмите, но и за нивната инвестициска активност. Затоа Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници, изјави Елези.

Заменик-министерката за финансии посочува дека позитивните тенденции во стопанството се огледаат и преку добрата наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ. Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9 отсто во прво тримесечје од 2019 година. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Бочварски: Обезбедивме дополнителни 1.550 транспортни дозволи годинава за транспортерите

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто