Утрински Весник
Македонија

Филипче: Јавно-приватните партнерства се еден од најдобрите начини за подобрување на здравствениот систем

Филипче: Јавно-приватните партнерства се еден од најдобрите начини за подобрување на здравствениот систем

Скопје, 20 јуни 2019 (/) –  Јавно-приватните партнерства и натаму се еден од најдобрите начини со кој може да се зајакнат многу сегменти од нашиот здравствен систем, пред се соочени со еден ограничен фискален простор во кој можеме да сметаме за да инвестираме таму каде треба, навистина треба на секое ниво и во таа смисла ги почнавме и тие физибилити студии не само за Брзата помош, туку и за некои други сегменти кои навистина дале резултати согласно искуствата во некои други земји, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е физибилити студијата за Итната медицинска помош рече дека компанијата која ја добила постапката побарала продолжување на рокот, кој, како што појасни, согласно новиот анекс треба да заврши овој месец, после што јавно ќе ја обзнананат и ќе ги дадат деталите на јавноста.

– Сакаме да организираме и јавна дебата за да видиме и заклучиме дали е тоа начинот на кој овој сегмент од нашиот здравствен систем Итната медицинска помош, начинот на кој се пружа, времето кое се чека за да се добие таа услуга, бројот на кадар кој е на располагање, може да се зајакне или не, рече Филипче по почнувањето на 41. Пленарен состанок на здравствената мрежа на Југоисточна Европа за работната сила во здравството во регионот на ЈИЕ. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ