Утрински Весник
Спорт

Ферари ќе се жали за казната на Фетел

Ферари ќе се жали за казната на Фетел

Монтреал, 10 јуни 2019 (/) – Ферари ќе ја оспори казната на својот пилот, Себастијан Фетел, на канадскиот Гранд При поради која победата му беше доделена на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Италијанскиот тим има рок од 96 часа по завршување на трката да поднесе жалба.

Германецот заврши прв, но поради казна од пет секунди победата му ја отстапи на Хамилтон. Фетел беше казнет за небезбедно враќање на патеката по излетувањето, при што речиси го исфрли во заштитната ограда Хамилтон.

По завршувањето на трката Фетел не го донесе болидот на предвиденото место, се обиде да оди кај судиите и ја пропушти постапката за интервју по завршувањето. Германците беше вратен на подиумот, а во меѓувреме тој отиде кај победничките болиди и го врати знакот со бројот 2 кај мерцедесот на Хамилтон, а на слободниот простор каде што требаше да биде паркиран неговиот болид го постави знакот со број 1. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Стаховски во остра „преписка“ со Троицки и Типсаревиќ за нивната посета на Русија

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП