Утрински Весник
Спорт

Фенербахче и официјално се откажа од Озил

Фенербахче и официјално се откажа од Озил

Истанбул, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Турски Фенербахче се откажа од идејата за привлекување на играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил.

Причината за ова е дека раководството на клубот оцени дека не може да си го дозволи поранешниот германски репрезентативец.

Вестите не се особено добри за „топџиите“ кои прават се од себе за да се разделат со Озил, кој, покрај тоа што не е во плановите на Унаи Емери, исто така ја добива највисоката плата на „Емирати“. Надоместокот на 30-годишниот играч изнесува 350.000 фунти неделно.

Фенербахче го потврди ова со посебно соопштение на својата страница. Клубот објаснува дека, според сегашните економски услови, таков договор ќе биде невозможен за двете страни и во блиска иднина овој трансфер не би можел да се реализира.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев