Утрински Весник
Спорт

Фелисијано Лопез вмешан во местење натпревари

Фелисијано Лопез вмешан во местење натпревари

Мадрид, 18 јуни 2019 (/) – Фелисијано Лопез е осомничен за местење натпревар со неговиот партнер во двојки, Марк Лопез. Според весникот „АС“, двајцата Лопез се осомничени за начинот на игра при поразот на „Вимблдон“ во 2017 година.

Тогаш 11-тите во шемата го губат натпреварот од првото коло против Австралијците Џон-Патрик Смит и Мет Рид во четири сета, откако го освоија првиот сет – 6:3, 6:7, 2:6, 4:6.

Според информациите, наместениот натпревар е планиран од поранешните фудбалери Карлос Аранда и Раул Браво, кои се во основата на оформениот во последниве недели скандал со местење дуели во Примера дивизион.

Полицијата има снимена дискусија на поранешниот фудбалер во која тој охрабрува друг човек да се обложи за пораз на Фелисијано Лопез и Марк Лопез.

Од полицијата откриваат дека Карлос Аранда „има информации за спортски настани на високо ниво“.

Според полициските извештаи Аранда изјавил ден порано дека Шпанците ќе го изгубат натпреварот и го охрабрил контактот да се обложи на натпреварот, откако тој ќе зема 50 отсто провизија.

„Имам информации за натпревар, дали сакаш“, започнува Аранда. „Да, се разбира, ако можеш“, е одговорот. Аранда прво ги бара посочените 50 отсто. „Можете да ставите колку што сакате, ова е Вимблдон, момче!“

Фелисијано Лопез брзо одговори со отфрлање на обвинението и ги насочил од „АС“ да го постават прашањето на неговиот адвокат.

Во моментов, Фелисијано Лопез е во Лондон, каде учествува на турнирот „Квинс Клуб“. Тој ќе игра во парови со Енди Мареј, кој се враќа на теренот подолгоотсуство.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев