Утрински Весник
Спорт

Федерер призна зошто му се восхитува на Лионел Меси

Федерер призна зошто му се восхитува на Лионел Меси

Лондон, 29 јуни 2019 (/) – Ѕвездата на светскиот тенис, Роџер Федерер призна дека се восхитува на играта на Лионел Меси. Според Швајцарецот напаѓачот на Барселона и Аргентина е најдобриот фудбалер во историјата на играта.

– Ми се допаѓа кога Меси ја добива топката, веднаш се свртува и потоа прави што сака. Тој е способен на се. Меси има избор: да даде пас, да надмине ривал, или да шутира. Секогаш има три варијанти. И тој може успешно да се справи со секоја од нив. Лео е еден од ретките фудбалери кои се способни за тоа, изјави Федерер, цитиран од „Фајненшл Тајмс“.

Тенисерот не за прв пат признава дека е фан на Аргентинецот. Пред неколку години тој го изјави следново: „Мислам дека тој е најдобриот играч во фудбалската историја. Сакам да ги следам неговите активности на теренот. Се надевам дека тој ќе успее да го освои Светското првенство со националниот тим“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија