Утрински Весник
Македонија

ФДМ: Владината реконструкција е недоволна за исполнување на владина програма

ФДМ: Владината реконструкција е недоволна за исполнување на владина програма

Скопје, 26 јуни 2019
Владата на Република Северна Македонија неодамна ги соопшти своите предлози за долгонајавуваната
реконструкција на владата. За жал, Форумот за демократска Македонија (ФДМ) надпартиска организација на македонски иселеници смета дека владината реконструкција е недоволна и несоодветна за исполнување на владината програма.
Согласно многубројните истражувања на јавното мислење, ФДМ се надеваше дека очекувањата на
граѓаните ќе бидат исполнети и дека реконструкцијата ќе ги опфати министрите кои беа одговорни за
некои од најголемите разочарувања од оваа владејачка гарнитура, како бегството на експремиерот
Груевски, спорните тендери, непотизмот, но и нереалните и неисполнети очекувања за датум за преговори со Европската унија летово. Дополнително, ФДМ е разочарани од обемот на реконструкцијата, која согласно законот можеше да опфати дури осуммина министри (тројца повеќе одошто на крајот беше случај) без притоа да мора да се гласа доверба на целата Влада во Собранието.
Со оглед на интензитетот на владините најави за реконструкција во изминатиот период, ФДМ очекуваше вкупниот број на сменети министри да соодветствува со овој дозволен максимум.
На крајот, ФДМ смета дека преземањето на функцијата министер за финансии од страна на премиерот
ќе придонесе за зголемување на персонализацијата на власта, што не е во склад со процесите на
демократизација. Овие одлуки покажуваат дека Владата нема допир со револтот на просечните граѓани
кој дојде до израз преку намалената поддршка на претседателските избори.
Оттука, ФДМ ги повикува сите пратеници во Собранието во нивната улога како главно надзорно тело
во Републиката соодветно да ги испитаат сите новопредложени министри или тие што добиваат нов
ресор за нивната компетентност да ги вршат функциите за кои се предложени. Овој надзор од страна на
Собранието може да послужи како тест за тоа дали пратениците навистина ги претставуваат граѓаните
кои ги избрале или се само потчинети на волјата на политичките партии и нивните раководства.
Форум за демократска Македонија

___________________________________________________________
/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава