Утрински Весник
Македонија

Фазлиу: Се уште не можеме да бидеме целосно задоволни од функционалноста на општините

Фазлиу: Се уште не можеме да бидеме целосно задоволни од функционалноста на општините

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Унапредувањето на децентрализацијата е една од клучните определби на Владата. Посветено се работи на овој план, но се уште не можеме да бидеме целосно задоволни од функционалноста на општините. Има потреба од натамошно развивање на капацитетите и ресурсите, за да можат општините да преземат нови надлежности, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на денешната средба со резидентната координаторка на ОН во земјава, Росана Дудзиак.

На средбата, министерот Фазлиу ја истакана долгогодишната поддршка и соработка што Министерството ја има со УНДП, особено во спроведувањето на процесот на децентрализација.

Дудзиак покажа посебен интерес за приоритетите на Министерството во водењето на процесот на децентрализација, за капацитетите и ресурсите на општините и за нивните развојни можности.

Во разговорот беше нагласено дека соработката на Министерството за локална самоуправа со УНДП ќе продолжи во реализацијата на приоритетите за подобрување на функционалноста на општините преку зајакнување на нивните административни капацитети, преку обезбедување поправеден начин на финансирање, зајакнување на капацитетите за економски и социјален развој, развојот на локалната демократија и зголемување на транспарентноста и инклузивноста, како и во создавањето услови за родово одговорно буџетирање и полесен пристап до услугите за лицата со попреченост. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8