Утрински Весник
Македонија

Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ

Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ

Скопје, 18 јуни 2019 (/) – Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со градоначалниците на 11 општини и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска и утре во Брисел ќе учествува во работата на 16. состанок на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на Северна Македонија и Комитетот на региони (КоР) на Европската Унија и на пленарната сесија на „Денот на проширувањето“ во организација на Европската Комисија.

Заедничкиот консултативен комитет е тело формирано во рамки на Европската комисија. Во него членуваат претставници на локалната власт од Република Северна Македонија и од земји членки на ЕУ, а улогата му е да ги поддржи локалните власти во интегрирањето на земјата во Унијата.

Претходниот состанок на Заедничкиот консултативен комитет се оддржа на 11 септември минатата година во Скопје. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“