Утрински Весник
Македонија

 Фазите за наводнување и енергетика од ХС „Злетовица“ ќе чинат 50 милиони евра

 Фазите за наводнување и енергетика од ХС „Злетовица“ ќе чинат 50 милиони евра

Штип, 1 јули 2019 (/) – Комплетната техничка документација за изградба на фазите за наводнување и енергетика од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“ покажа дека ќе чинат 50 милиони евра.

Директорот на ХС „Злетовица“, Миле Илиевски вели дека комплетната документација, во која влегуваат основните проекти, физибилити и еколошките студии, како и тендерската документација е изработена со грант од еден милион евра од Европската инвестициска банка, со којашто соработка имаат уште од 2012 година.

– Во моментов се вршат преговори меѓу Министерството за финасии и Европската инвестициска банка и се очекува до крајот на годината да се завршат со одобрување на кредит од банката, вели Илиевски.

Според проектот, 35 милиони евра се предвидени за фаза „два“ или изградба на системи за наводнување, а околу 15 милиони за енергетика, односно изградба на мали хидроцентрали.

 Планирани се околу 4.500 хектари за наводнување на земјоделска површина кои се поделени на три зони. Во Пробиштип има две зони, горна и долна со вкупна површина од околу 3.500 хектари и зона за наводнување во Општина Кратово со околу 1.000 хектари земјоделска површина, вели Илиевски.

Тој додава дека третата фаза се однесува на создавање услови за производство на околу 10 мегавати струја.

– За производството на електрична енергија или фаза триенергетика од хидросистемот „Злетовица “ е планирана изградба на шест хидроцентрали од кои три се главни хидроцентали по течението на река Злетовица и три мали хидроцентрали од кои едната е прибранска, која ќе работи за биолошкиот минимум на испуштање на водата од браната Кнежево, а втората хидроцентрала е за водоснабдување на Општина Пробиштипдодека третата за водоснабдување на Општина Кратово, вели Илиевски.

Во моментов од најсовремениот систем за водоснабдување во земјава со вода за пиење се снабдуваат општините Пробиштип и Свети Николе, додека Штип, Лозово и Карбинци се уште не се приклучени на системот. Токму поради ова Владата на Република Северна Македонија на располагање има оставено 3,5 милиони евра за оваа година и исто толку средства и за наредната година, со цел изградба на филтер станици во Лозово и Карбинци и реконструкции на филтер станиците во Штип и Свети Николе, како и изградба на приспатни патишта и други дополнителни проекти.

– Во моментов е избрана консултантска куќа за докомплетирање на техничката документација на општините за добивање на одобренија за градење. Се очекува постапката да заврши до крајот на август, по што општините ќе можат да почнат со градба, вели Илиевски. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници