Утрински Весник
Македонија

Ученици од Куманово учествуваа на манифестацијата „Заедно за безбедно лето“

Ученици од Куманово учествуваа на манифестацијата „Заедно за безбедно лето“

Куманово, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Голем број ученици од Куманово,  вчера на градскиот плоштад, учествуваа на манифестација „Заедно за безбедно лето“ што ја организираат Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и СВР Куманово. Учениците од училишните сообраќајни единици се натпреваруваа и на сообраќаен полигон и укажаа на безбедно движење со велосипед во сообраќјот.

-„Заедно за безбедно лето“ традиционално се одржува од 2010 година. Годинава,  упативме порака за поголема грижа и внимание кон децата, за нивна безбедност и заштита во летниот период, почитување на сообраќајни правила и прописи, стекнување на сообраќајна култура, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Учениците претходно во учебната година поминаа соодветна обука во која покрај СВР Куманово се вклучија и авто школите, учествуваа на тестирања за познавање на сообраќајни прописи и правила. Надлежните вчера им доделија дипломи и благодарници. ам/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување