Утрински Весник
Македонија

Утре сончевo време со температура до 37 степени

Утре сончево време со засилен ветер

Времето утре ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Во петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ