Утрински Весник
Македонија

Утре прскање против комарци во Штип

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Штип, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од два до седум часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување, информира Трајче Стојчевски, портпарол на општината.

– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети, вели Стојчевски.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Се апелира  пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. За сите информации и прашања граѓаните можат да се јават на телефонот за контакт во Општина Штип  032/22 66 22. вдј/фф/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк