Утрински Весник
Македонија

Утре во Софија прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Утре во Софија прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Скопје, 9 јуни 2019 (/) – Првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија ќе се одржи утре во Софија согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји  во август 2017 година.

Со Комисијата, како што информираат од МНР, ќе ко-претседаваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева.

Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, како што информираат од МНР, предвидени се  билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски, на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти. аа/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните