Утрински Весник
Македонија

Утре авионско третирање против комарци во Кратово

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Крива Паланка, 28 јуни 2019 (/) – Во раните утрински часови во текот на утрешниот ден ќе се спроведе авионско прскање против комарци во општина Кратово.

Прскањето против комарци ќе се спроведе на 29 јуни 2019 година, сабота, во периодот од пет до осум часот.

Ова е прво третирање против комарци  за 2019 година на територијата на општина Кратово.

-Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново во горниот реон и целото градско подрачје. Се известуваат пчеларите дека во времето на третирање и три до четири часа подоцна да ги затворат сандаците со пчели заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, информираат од општината.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден. ид/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8