Утрински Весник
Македонија

Успешно заврши пробниот попис во Штип

Успешно заврши пробниот попис во Штип

Штип, 29 јуни 2019 (/) – Успешно заврши пробниот попис во четирите пописни кругови во Општина Штип.

Тони Јованов од Државниот завод за статистика, кој беше надлежен за пописните кругови во селото Чардаклија и приградската населба Три Чешми, вели дека попишувачите немале проблеми на терен и населението без проблеми го прифатиле пробниот попис.

– Како попишувачи немавме проблеми, населението беше гостопримливо, а целта со пробниот попис ни беше да го тестираме новиот систем. Имавме двајца инструктури и четири попишувачи, кои пописот го реализираа на лице место, вели Јованов.

Тој забележува дека подетални информации околу попишаното население не можат да дадат, бидејќи ова е пробен попис, што треба да утврди како функционира новиот систем, со цел доколку има недостатоци да се корегира до наредната година, кога и официјално на терен ќе се спроведе пописот на населението на територија на Република Северна Македонија. вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран