Утрински Весник
Македонија

Успешно завршен процесот за Општинско корисна работа во Делчево

Успешно завршен процесот за Општинско корисна работа во Делчево

Делчево, 21 јуни 2019 (/) – Вкупно 16 лица ангажирани преку програмата Општинско корисна работа за 2018 година, денеска во Делчево, добија потврди и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти.

Сертификатите и потврдите ги додели градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека ова е уште еден успешен процес од оваа програма, која во Делчево се реализира по седми пат.

– Целта на оваа програма е унапредување на системот за обезбедување социјални и здравствени услуги, а програмата овозможува и социјално вклучување на регистрирани невработени лица, кои се соочуваат со потешкотии да влезат на пазарот на трудот, но се подготвени да се здобијат со вештини и квалификации и постепено да се интегрирааат во редовниот пазар на труд, рече Трајковски.

Седуммина од лицата беа ангажирани на активноста „Образовни асистенти“, додека три во активноста „Лични асистенти“ во двете основни општински училишта. Три лица ја имале улогата на негувателки во детската градинка и тројца негователи во Дневниот центар за лица со посебни потреби. Во рамките на овие активности биле опслужени вкупно 367 крајни корисници од различна возраст, пол и припадност.

За Трајанка Миленковска од Делчево, искуството со кое се стекнала за време на нејзиното учество во проектот, е мошне важно за нејзиниот понатамошен работен ангажман.

– Јас бев волонтер во Дневниот центар, се грижевме за децата, ги храневме, ги шетавме. Сметам дека учеството во овој проект ќе ми помогне за моето понатамошно трајно вработување, истакна Миленковска.

Проектот Општинско корисна работа се реализираше во партнерство меѓу Општина Делчево, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи и УНДП. Општината има поднесено апликација и за наредниот проектен циклус за одобрување на 20 работни позиции во рамките на истата програма. вс/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална