Утрински Весник
Македонија

Усвоен Предлог-закон за ратификација на амандман за климатските промени

Усвоен Предлог-закон за ратификација на амандман за климатските промени

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Владата денеска го усвои Предлог законот за ратификација на Амандманот од Доха на Протоколот од Кјото кон Рамковната конвенција на ООН за климатски промени.

-Климатските промени, коишто се случуваат поради зголемената концентрација на емисии на стакленички гасови како последица од човековите активности, како што се согорување на фосилни горива, дефорестација и зголемени емисии на метан, се едно од најважните прашања во 21 век. Како одговор на тие растечки влијанија, меѓународната заедница ја договори Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, којашто беше потпишана на Самитот во Рио, во јуни 1992 година и стапи на сила во март 1994 година. За да се зајакнат целите на Конвенцијата, во 1997 година беше усвоен Протоколот од Кјото кон рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, чија крајна цел е намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 5 отсто во споредба со нивоата во 1990 година, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8