Утрински Весник
Македонија

Усвоена информација за давање одобрение на МЗ за постапка за договор за набавка на медицинска опрема за повеќе ЈЗУ

Усвоена информација за давање одобрение на МЗ за постапка за договор за набавка на медицинска опрема за повеќе ЈЗУ

Скопје, 18 јуни 2019 (/) – Владата денеска во рамки на 140.седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи во државава.

Станува збор за набавка на дигитални РТГ апарати, апарати за хемодијализа за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, како и за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје. рп/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер