Утрински Весник
Македонија

УСАИД ќе додели награди за младинско учество

УСАИД ќе додели награди за младинско учество

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Во Сули ан во скопската чаршија денеска ќе бидат доделени награди за младинско учество на Проектот на УСАИД за граѓанско учество – петгодишна иницијатива во износ од 9,4 милиони долари.

Целта на  Проектот на УСАИД за граѓанско учество е да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобрат јавните услуги, да се промовира доброто владеење и да се придонесе кон подигање на стандардот на живеење на македонските граѓани.

Овој проект на  УСАИД го спроведува Ист вест менаџмент институт, во партнерство со четири локални граѓански организации. Настанот е организиран во соработка со Националниот младински совет на Македонија.

На доделувањето на наградите ќе се обратат Гречен Биркл, претставник на Мисијата на УСАИД во земјава, и Мартин Милошевски, програмски менаџер на Проектот на УСАИД за граѓанско учество од Националниот младински совет на Македонија. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“