Утрински Весник
Македонија

Уредување на постоечки паркови и градење нови во Чаир

Уредување на постоечки паркови и градење нови во Чаир

Скопје, 18 јуни 2019 (/) – Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу на денешната средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и советникот на Советот на Општина Чаир, Менсур Цури пред граѓаните ја изразија силната волја за продолжување на работата за зачувување на угледот на Чаир како најзелена општина.

– Со потпишување на меморандумот за соработка, ЈП “Паркови и зеленило“ ќе се погрижи за реконструкција и хортикултурно уредување на јавните зелени површини и садење цвеќиња и садници, а општината за поставување урбана опрема-парковски клупи и корпи за отпадоци, за уредување пешачките патеки, одржувањето на парковското осветлување, создавање на детски простор за играње и креирање на нови фитнес зони на отворен простор, информираат од општината.

Како што велат од општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ тие до сега реализираа одлична работа низ територијата на Чаир, за создавање на нови парковски површини таму каде некогаш не постоеja и за уредување на постоечките паркови.

Целта на средбата меѓу другото беше и координација на следната инвестиција, реконструкција на големиот парк во населбата Топанско Поле.бт/скс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар