Утрински Весник
Македонија

УНФПА го одбележува Светскиот ден на население со акцент на родово-базираното насилство

УНФПА го одбележува Светскиот ден на население со акцент на родово-базираното насилство

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на население, со дискусија за прогресот околу родово-базираното насилство и правата на младите, како дел од „Обмислени лидерски разговори за Меѓународна конференција за население и развој (ICPD) – Што се промени во последните 25 години?“.

На дискусијата, според организаторите, ќе се обратат вршителот на должност директорка на Канцеларијата на УНФПА за Северна Македонија Ајнабат Анамухамедова, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче.

На дискусијата ќе биде направен осврт и на иднината и ќе се поттикне дефинирањето на заложбите на земјава за целосно исполнување на ICPD агендата до 2030 за што Република Северна Македонија се обврза уште во 1994 година како потпретседавач на Конференцијата. Заложбите на државата ќе се дискутираат на претстојниот светски Самит на ICPD25 во ноември, 2019 година, во Наироби, Кенија.

Годинава се одбележуваат 25 години од Меѓународна конференција за население и развој што се одржа во Каиро во 1994 година. Акциската програма усвоена од 179 влади ги препозна репродуктивното здравје и јакнењето на улогата на жената и родова еднаквост како клучни во одржливиот развој. нд/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом