Утрински Весник
Македонија

УМТ: Нов простор за студентите и нов модел на финансирање на високото образование

УМТ: Нов простор за студентите и нов модел на финансирање на високото образование

Скопје, 28 јуни 2019 (/) –  Во согласност со одредбите на Законот за високо образование, избрани се тела на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје. За претседател на Сенатот на УMT е избран вонр.проф. д-р Блерим Саити, а за проректори  Зоран Трифунов  – за настава и студентски прашања, Ризван Сулејмани – за финансии и Блерим Фетаји – за наука.

Како што соопшти УМТ, Сенатот денеска на седница констатирал дека е успешно завршена учебната година во која ја излезе и првата генерација апсолвенти и први дипломци на овој универзитет. Ректорот Азис Положани ги информирал членовите на Сенатот со сегашниот тек на активностите и предизвиците со кои се соочува оваа високаобразовна институција на албански јазик.

Главни предизвици се кои е соочен УМТ е  итна потреба за дополнителен простор за студентите во 2019/2020 година, но и забрзување на постапките за изградба на универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза” на новата локација дефинирана од Владата.

Сенатот смета дека е потребно и итен преглед на моделот за финансирање на високото образование, кој е идентификуван како една од главните причини за падот  на квалитетот на образованието.

– Сенатот на УМТ е на мислење дека само ревизија на моделот на финансирање на високото образование преку обезбедување  пристојно ниво на платите на наставниците, кои нема да зависат од учеството на студентите, и значителното намалување до целосно отстранување на плаќање на партиципацијата на студентите за нивните студии, ќе создаде услови за одговорност и соодветна академска мотивација за квалитетот во високото образование, наведува Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ,,Кочо Рацин” е лажна, граѓаните да бидат спокојни

Петровска во Грац – форматот: градењето отпорност е најдобрата одбрана против растечките безбедносни предизвици

18-годишник ја нападнал мајка му пред трговски центар во Аеродром