Утрински Весник
Македонија

Умерено зголемена фреквенција на возила на Деве Баир

Умерено зголемена фреквенција на возила на Деве Баир

Крива Паланка, 14 јуни 2019 (/) – Фреквенцијата на возилата кои од утринава поминале низ граничниот премин помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир, е незначително зголемена во однос на претходните денови.

Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир, информираат дека иако е продолжен викенд, не се зголемил значително бројот на возила и патници кои ја минуваат границата.

– Нема задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата, а од утринава не се забележани ниту поголем број автобуси кои патуваат кон туристичките центри во соседна Бугарија. Речиси ист број возила влегуваат и излегуваат од државата, со што очекуваме во текот на денот да не се надмине стандарднат бројка на возила кои циркулираат во двата правци, околу 5.000, информираат надлежните од ПС за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

Како што посочија оттаму, просечниот број возила кои минувале низ овој граничен премин за време на изминатите празнични-продолжени викенди годинава, достигнувал и до 9.000 во текот на едно деноноќие.ид/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“