Утрински Весник
Македонија

Удрил со „југо“ во столб и починал

Удрил со „југо“ во столб и починал

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Жител на Берово синоќа, управувајќи патничко возило „Југо Корал 55, изгубил контрола над возилото и удрил во столб по што, од здобиените повреди, починал на местото на несреќата.

Според МВР, немилиот настан се случил околу 19:45 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Берово.

Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. мч/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

(Видео) Спасовски: 45 години високо образование за безбедност, со научни резултати до заеднички одговор на безбедносните предизвици