Утрински Весник
Македонија

Турската амбасадорка најави дека Ердоган ќе присуствува на свеченоста по повод реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Турската амбасадорка најави дека Ердоган ќе присуствува на свеченоста по повод реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Охрид 15 јуни 2019 (/) – Турската амбасадорка во Северна Македонија Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект. Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно, рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект. аб/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална