Утрински Весник
Македонија

Трошоци на директорот на АВМУ за првата половина на 2019 година

Трошоци на директорот на АВМУ за првата половина на 2019 година

Скопје, 3 јули 2019

Согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса за објавување на трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски на секои шест месеци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја известува јавноста за следново:

Во периодот од јануари до 30 јуни 2019 година, директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 273.231,00 денари и тоа по следните ставки:

1. При патувања во странство – 195.153,00 денари од кои:

• за авионски билети – 90.272,00 денари и • за хотелско сместување – 104.881,00 денари. 2. Трошоци за репрезентација во Република Македонија (угостителски услуги) – 59.809,00 денари. 3. За службен мобилен телефон – 18.269,00 денари.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

_____________________________________________________________

Утрински Весник овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“