Утрински Весник
Македонија

Три карбински села со пари од Платежната агенција ќе добијат асфалтирани патишта

Три карбински села со пари од Платежната агенција ќе добијат асфалтирани патишта

Штип, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Жителите на три карбински села конечно ќе добијат асфалтирани патишта. Со средства од Платежната агенција ќе се гради патна инфраструктура до селата Вртешка, Калузлија и Ќебаплија.

За реализацијата на овој проект заеднички аплицираа Центарот за развој на Источен плански регион и Општина Карбинци, а денеска двете партнерски страни го потпишаа Договорот. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека со ова од наредната недела може да  се распише и тендерската постапка за пристапните патишта во должина од речиси три километри.

-Станува збор за буџет од 23.350.000 денари, од кои што околу 20 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за фианнсиска поддршка за земјоделството и 3.600.000 денари се учество на Општина Карбинци за подмирување на данокот. Ние сме веќе во фаза на подготовка на административниот дел за објавување на јавната набавка, вели Здравева.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека изградбата на пристапните патишта значи обезбедување на нормален живот на над 160 жителите од трите села, кои се наоѓаат на планината Плачковица, но и побезбеден транспорт на над 100 домаќинства  кои имаат викенд куќи во селото Вртешка.

Жителите на овие три села сега  користат  тешка  земјоделска  механизација  за да дојдат до дома, за дотур и транспорт на стока, а поголем дел од  мештаните егзистраат од земјоделство и сточарство, вели Насев.

 Очекува реализацијата на пристапните патишта да почне во август, со што до зимските месеци овие планински села ќе имаат асфалтирани патишта. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална