Утрински Весник
Македонија

Триесетина населени места во Прилеп ќе добијат детални урбанистички планови

Триесетина населени места во Прилеп ќе добијат детални урбанистички планови

Прилеп, 28 јуни 2019 (/) – Триесетина населени места во Прилеп за прв пат ќе добијат детални урбанистички планови. Оваа одлука ја донесоа прилепските советници на денешната седница.

Според претстедателот на советот Миле Талески одлуката за урбанизација на триесетина села во Прилеп е многу значајна.

Советниците денеска на дневен ред имаа 14 точки. Дадоа согласност за консолидираната сметка на ЈКП „Комуналец“ и ДООЕЛ „Терминал-Комуналец“ за 2018 година, како и за висината на цената за чистење на речните корита во градот и во населените места, како и за изнајмување кафези и заловување на кучињата-скитници од приватен имот.

Членовите на општинскиот совет ја определија висината на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржувањето на „Пивофест“. Ќе се плаќаат по 60 денари за еден ден, од кои десет денари ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

– Советот донесе одлука цената за паркингот за време на одржувањето на големата манифестација „Пивофест“, од 18 до 21 јули, да изнесува 60 денари, од кои 50 денари ќе бидат за користење на паркинг-просторот, а десет денари ќе бидат наменети за хуманитарна активност. На следната седница, советот ќе одлучи каде ќе ги насочи тие средства, поточно дали ќе бидат наменети за одредени семејства или пак за организации кои се занимаваат со хуманитарна активност, рече Талески.

Прилепските советници дадоа „зелено светло“ за Предлог-оперативната програма за организирање зимска служба за сезоната 2019/2020, во која за прв пат, се предвидува набавка на средства против мрзнење на тротоарите и на плоштадите. ем/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран