Утрински Весник
Македонија

Традиционален Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани

Традиционален Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани

Кочани, 20 јуни 2019 (/) – Вкупно 16 екипи од Кочани и од регионот ќе учествуваат на традиционалниот Петровденски турнир во мал фудбал, чиј организатор е локалната самоуправа.

Натпреварите по групи започнуваат в сабота и ќе траат до 12-ти јули, кога ќе се игра финалето и ќе бидат доделени наградите.

– Како потврда за учество екипите уплатија котизација од по две илјади денари на жиро-сметката на Општинскит фудбалски сојуз – Кочани, кој ќе биде реализатор на турнирот. Натпреварите ќе се играат на спортскиот терен на СОУ „Љупчо Сантов“ во вечерните часови, а ќе се применуваат правилата за футсал. Ждребувањето за групите и редоследот на натпреварите ќе го извршиме в петок напладне, истакна Голубина Георгиева од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

За трите најуспешни екипи ќе бидат доделени награди во висина од 15 до 60 илјади денари. Исто така, ќе бидат прогласени и најдобар голман, стрелец и играч на турнирот.

Петровденскиот турнир во мал фудбал годинава ќе се одржи по осумнаесетти пат, а општината го организира по повод Петровден – празникот наградот. За трошоците за организација и за наградниот фонд во рамки на годишната Програма за спорт од општинскиот буџет годинава се издвоени 150 илјади денари. та/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии