Утрински Весник
Спорт

Тотенхем го скрши својот трансфер рекорд

Тотенхем го скрши својот трансфер рекорд

Лондон, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Тотенхем го финализираше трансферот на Танги Ндомбеле од Лион. Зделката е рекордна за „петлите“, а вкупната нејзина вредност може да достигне 65 милиони фунти, откако околу 10 милиони од нив се во форма на бонуси. Претходното најскапо засилување на лондонскиот тим беше Давинсон Санчез, за ​​кого беа платени 42 милиони фунти пред две години.

Играчот од средниот ред веќе потпиша петгодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе биде еден од најплатените играчи на Тотенхем. Неговиот надомест ќе биде 200,000 фунти неделно. Интерес кон Ндомбеле имаа и Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, но тој ја избра понудата на финалистот во Лигата на Шампионите.

Французинот е второ ново засилување кое Тотенхем го привлекува денес, откако пред неколку часа беше објавен и трансферот на Џек Кларк, кој сепак веднаш беше пратен назад на изнајмување на Лидс.

Лондонскиот клуб се очекува да го потврди договорот за Ндомбеле до крајот на денот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици