Утрински Весник
Спорт

Тотенхем го купи Кларк и веднаш го прати на позајмица

Тотенхем го купи Кларк и веднаш го прати на позајмица

Лондон, 2 јули 2019 (/) – Премиерлигашот Тотенхем го објави потпишувањето на договорот со 18-годишниот напаѓач на Лидс, Џек Кларк. Договорот важи до летото 2023 година.

Сепак, фудбалерот нема да игра одма за „спарс“ туку ќе остане во Лидс на позајмица за следната сезона.

Претходно беше објавено дека износот на трансферот ќе биде 10 милиони евра.

Кларк во сезоната 2018/19 одигра 25 натпревари за Лидс и постигна два гола со два асистенции. Лидс не успеа да влезе во Премиер лигата, губејќи во полуфиналето од плејофот од Дерби (1:0, 2:4). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица

Пандев на селекторот Милевски му порача да молчи

Араухо оди на операција, ќе го пропушти СП