Утрински Весник
Спорт

Торонто на чекор од титулата по нова победа над Голден Стејт

Торонто на чекор од титулата по нова победа над Голден Стејт

Оукленд, 8 јуни 2019 (/) – Тимот на Торонто Репторс е на чекор од историската прва титула во НБА лигата. Тоа стана факт, откако ноќеска „диносаурусите“ го освоија натпреварот бр.4 од финалето со 105: 92 (17:23; 25:23; 37:21; 26:25) и поведоа во серијата со 3:1 во победи.

Каваи Ленард повторно беше на ниво за победниците и запиша зад името „дабл-дабл“ – 36 поени и 12 скока, а Серж Ибака и Паскал Сикам додадоа соодветно 20 и 19 поени за успехот.

Клеј Томпсон, кој се врати во игра откако го пропушти натпреварот бр.3 поради повреда, беше најпрецизен за „воините“ – 28 поени, Стеф Кари додаде 27 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „дабл-дабл“ – 10 поени и 12 асистенции.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната