Утрински Весник
Македонија

Топло време со можност за дожд и грмежи во попладневните часови

Утре сончево време со засилен ветер

Времето во текот на денешниот ден ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 14 до 21, а највисоката температура ќе достигне од 29 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, како и за засилување на ветерот.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер. Под влијание на многу топла воздушна маса, до петок времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ