Утрински Весник
Спорт

Тони Паркер стави крај на неговата кариера

Тони Паркер стави крај на неговата кариера

Шарлот, 10 јуни 2019 (/) – Една од НБА легендите, Тони Паркер стави крај на неговата активна кариера. Поранешната ѕвезда на Сан Антонио Спарс признава дека одлучил да се откаже по 18 сезони во најпопуларната кошаркарска лига.

Триесет и седум-годишниот Французин помина 17 години во дресот на Спарс и освои четири титули со тимот, воден од Грег Поповиќ и со ѕвезди како Тим Данкан и Ману Џинобили (2003, 2005, 2007 и 2014 година).

Паркер е шесткратен учесник на Натпреварот на ѕвездите, а минатата сезона ја помина во Шарлот Хорнетс, каде што беше резерва и постигнуваше во просек по 9,5 поени по натпревар. Тој ја заврши својата кариера со просечни 15,5 поени, 5,6 асистенции и 2,7 скока по натпревар.

– Минатата сезона беше многу различна за мене. Поминав прекрасен период во Шарлот. Ова е многу различно за мене после 17-тите години со Спарс. Знаев дека времињата се менуваат и бев многу носталгичен. А и тоа што бев далеку од семејството во Сан Антонио, тоа исто така, одигра улога, па заклучив дека е дојдено времето за мене да продолжам понатаму, изјави Тони Паркер, цитиран од американските медиуми.

Французинот, кој живее во Сан Антонио, е сопственик и претседател на Асвел, поради кој тој често патува во татковината.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања