Утрински Весник
Спорт

Томпсон успешно опериран

Томпсон успешно опериран

Оукленд, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Кошаркарот на Голден стејт, Клеј Томпсон е опериран по повредата на вкрстените лигаменти на коленото добиена на последнито натпревар од финалето со Торонто.

Прогнозите се дека Томпсон на теренот ќе се врати најдоцна за седум месеци.

– Доколку се тече според превиденото, закрепнувањето ќе трае меѓу пет и седум месеци. И Клеј и екипата се посветени на успешно заздравување. Ќе чекаме колку што е потребно за целосна рехабилитација, соопшти Грег Лорен, агентот на Томпсон.

Голден стејт пред два дена го доби потписот на Томпсон за петгодишна соработка во договор тежок 190 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето