Утрински Весник
Спорт

Тите: Нејмар е меѓу најдобрите тројца фудбалери на светот

Тите: Нејмар е меѓу најдобрите тројца фудбалери на светот

Салвадор, 19 јуни 2019 (/) – Бразилскиот селектор Тите по нерешените 0:0 со Венецуела во Купот на Америка, се осврна на отсуството на Нејмар.

Најскапиот фудбалер на планетава е принуден да го пропушти турнирот поради повреда.

– Најпрво морам да им се извинам на навивачите, бидејќи тимот не создаде доволно шанси. Јас ги разбирам нивните свирежи. Што се однесува за отсуството не Нејмар ќе кажам дека тоа е голем хендикеп за нас. Нејмар е е меѓу првите тројца играчи. Му посакувам брзо закрепнување. Но, ние треба да играме подобро без оглед на неговото отсуство, изјави Тите.

Бразил по две кола има четири бода во А-групата на Копа Америка. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната