Утрински Весник
Магазин

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Тиркизното езеро својата убава боја ја добива од отпад

Новосибирск, 11 јули 2019 (/) – Тиркизното езеро кај Новосибирск, кое е сè попопуларно меѓу туристите и „инстаграмџиите“ кои обожаваат „селфи“, има една мрачна тајна: тоа својата убава боја ја добива од отпадот од околните електрани.

Езерото со својата „волшебна боја“ е честа дестинација за „инфлуенсерите“ од цел свет, но таа боја всушност се добива од калциум-хлоридот и други метални оксиди од отпадот.

Руската енергетска компанија што управува со објектите, упати повик – луѓето да не се приближуваат до водата. Една корисничка на Инстаграм, откако дознала за ова, објави фотографија од себе на брегот на езерото, со натпис: „Не е Чернобил, но сепак, е опасно.”

Лео Алексеј, кој покрена своја Инстаграм-страница посветена на „селфито“, за Би-Би-Си рече дека го посетил езерото четири пати, но не влегол во водата, туку само „стоел до неа и гледал”.

– Не е препорачливо да се допира ​​водата, оти може да предизвика алергија, изјави тој. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анџелина Џоли со нови обвинувања против Бред Пит

Следниот Џејмс Бонд ќе има триесеттина години, вели продуцентот

„Колдплеј“ ги одложи концертите во Бразил поради болест на Крис Мартин