Утрински Весник
Спорт

Тим поблизу до финалето од Ѓоковиќ

Тим поблизу до финалето од Ѓоковиќ

Париз, 7 јуни 2019 (/) – Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим од полуфиналето на Отвореното првенство во тенис на Франција ќе биде доигран утре, 8 јуни.

Одлуката беше донесена од страна на судиите малку по прекинувањето на средбата поради дожд.

Победникот од дуелот помеѓу Тим и Ѓоковиќ ќе се соочи против Рафаел Надал во финалето на „Ролан Гарос“ во недела. Претходно денеска, 11-кратниот шампион Надал го совлада Роџер Федерер со 6:3, 6:4, 6:2.

Средбата меѓу лидерот во светската АТП листа, Новак Ѓоковиќ и поставениот под бр.4, Доминик Тим беше прекината при резултат 6:2, 3:6, 3:1 за Австриецот, кој ќе сервира при враќањето на двајцата на теренот утре.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата

Чави ги нападна судиите: Имаше пенал за нас, ни нанесоа неправда